Упатство за креирање MyContact картичка
Created on 31 October, 2023 • 504 views
- Најпрвин насочете го вашиот прелистувач кон следниот линк (Контролна табла)
- Кога сте на контролната табла можете да го забележите следново копче
- Внесувате име на корисникот на картичката и неговата дејност и кликнувате на „Креирај“
- Прелистувачот ќе се освежи и ќе се појават повеќе табови кои треба соодветно да ги пополните како на пример:
- „Детали за картичката“ (Вметнувате Име Презиме на корисникот на картичката, во која компанија работи и тн.)
- „Прилагодувања“ (Избирате шаблон/изглед на картичката именуван по познатите градови, вметнувате ваша профил слика или лого од вашата компанија, Прелистувач икона (не е задолжителна), избирате позадина (боја, градиен од бои, или сопствена слика)
Кликнувате „Ажурирај“ со тоа ги зачувувате внесените информации кои ќе ги споделувате со вашата нова картичка.
Креирање копчиња на вашата картичка
- Во горниот дел од екранот веднаш под розевиот линк од вашата картичка (кој може да го притисните за да го проверите изгледот на истата) имаме 2 таба „Поставки“ кој предходно ги пополнивте и таб „Копчиња“, притиснете на табот.
- Додадете копче.
- Примерот го објаснуваме со избрано копче „Телефон“.
- Првото поле „Име“ е поле во кое внесувате име на полето по ваша желба како на пример: „Барај ме“, „Мој број“ или едноставно вашиот број „07X XXX XXX“
- Второто поле „Телефоснки број“ го вметнувате вашиот телефонски број.
- Креирај.
Popular posts
-
Упатство за креирање MyContact картичка• 503 views
-
Што е MyContact стикер?• 464 views
-
Како да ја ажурирам веќе креираната картичка?• 445 views
-
Како да ја споделите вашата картичка?• 425 views
-
Каде да го ставам мојот стикер MyContact ?• 420 views