Упатство за креирање MyContact картичка

Креирано на 31 Октомври, 2023 • 503 прегледи

  1. Најпрвин насочете го вашиот прелистувач кон следниот линк (Контролна табла)
  2. Кога сте на контролната табла можете да го забележите следново копче
  3. Внесувате име на корисникот на картичката и неговата дејност и кликнувате на „Креирај“
  4. Прелистувачот ќе се освежи и ќе се појават повеќе табови кои треба соодветно да ги пополните како на пример:
  • „Детали за картичката“ (Вметнувате Име Презиме на корисникот на картичката, во која компанија работи и тн.)
  • „Прилагодувања“ (Избирате шаблон/изглед на картичката именуван по познатите градови, вметнувате ваша профил слика или лого од вашата компанија, Прелистувач икона (не е задолжителна), избирате позадина (боја, градиен од бои, или сопствена слика)


Кликнувате „Ажурирај“ со тоа ги зачувувате внесените информации кои ќе ги споделувате со вашата нова картичка.


Креирање копчиња на вашата картичка


  1. Во горниот дел од екранот веднаш под розевиот линк од вашата картичка (кој може да го притисните за да го проверите изгледот на истата) имаме 2 таба „Поставки“ кој предходно ги пополнивте и таб „Копчиња“, притиснете на табот.
  2. Додадете копче.
  3. Примерот го објаснуваме со избрано копче „Телефон“.
  • Првото поле „Име“ е поле во кое внесувате име на полето по ваша желба како на пример: „Барај ме“, „Мој број“ или едноставно вашиот број „07X XXX XXX“
  • Второто поле „Телефоснки број“ го вметнувате вашиот телефонски број.
  • Креирај.